Б701З/18: Глобални безбедносни закани (Global security threats)

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирVII4+26

Наставник: д–р Тања Милошевска

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат научни и продлабочени знаења за транснационалните безбедносни прашања со посебен акцент на тероризмот, бунтовништвото, оружјето за масовно уништување (нуклеарно, хемиско и биолошко), организираниот криминал, верските секти, перењето на пари, сајбер криминалот и сајбер-тероризам, трговија со луѓе, трговија со наркотици, незаконска трговија со оружје. Студентите да се оспособат да можат да ги увидат врските, интеракциите, влијанијата и меѓузависноста помеѓу различните закани за безбедноста, традиционалните и современите. Да развијат критички пристап за анализа на новопојавените безбедносни предизвици и закани.

Содржина на предметната програма:

Производство и трговија со наркотици и импликациите врз националната безбедност; Концепт на нарко-тероризам; Концепт на организиран криминал; Регионалните димензии на незаконската трговија со оружје и муниција; Трансфер на оружје како потенцијален безбедносен проблем; Верски секти: Трговија со луѓе; Шверц; Организација и функционирање на нелегалниот пазар; Перење на пари; Сајбер криминал; Корупција; Политичко-криминална врска; Криминална злоупотреба на власта.

Литература:

1. Пол Вилијамс (ур.), Студии по безбедност, Арс Лaмина, 2012

2. Питер Хју, Поим за глобална безбедност, Routledge, 2006

3. Marie-Helen Maras, Transnational security, CRC Press, 2015