Б601З/18: Заштита на културното наследство

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирVI3+26

Наставник: д–р Зорица Салтировска

Цели на предметната програма:

Стекнување на научни и продлабочени знаења за значењето на културата и културното наследство во зачувувањето на идентитетот на народот и одржувањето на мирот како крајна цел на безбедноста и одбраната, како и за формите и начините на загрозувањето и заштитата ка културното наследство (како темелна вредност со траен карактер) во кризни ситуации, вонредни и воени состојби. Значајна цел ќе биде и подигањето на протекторската свест за значењето на културното наследство и неговата заштита од секаков вид криминални и други дејствија насочени кон истото.

Содржина на предметната програма:

Дефинирање на културното наследство; Поделба на културното наследство- видови и категории; Значењето на културното наследство; Загрозување на културното наследство; Еколошкото загадување и културното наследство; Организираниот криминал како фактор на загрозување на културното наследство; Културното наследство во вооружените конфликти; Меѓународна заштита на културното наследство; Меѓународна заштита на културното наследство во вооружените конфликти; Засилена заштита на културното наследство- стекнување и губење на правото на засилена заштита; Правна заштита на културното наследство во Р. Македонија; Заштита на културното наследство од незаконски (криминални дејствија); Заштита на културното наследство во вооружените конфликти и во случај на природни непогоди; Заштита на културното наследство од последиците од загадувањето на животната средина; Институционална заштита на културното наследство во Р. Македонија; Развивање протекторска свест.

Литература:

1. Зорица Салтировска, Заштита на културното наследство, Филозофски факултет, 2011

2. Митко Котовчевски, Национална безбедност, Филозофски факултет, 2011

3. Tomak Jiri, The protection of cultural property in the event of armed conflict, UNESCO, 1996