Б504И/18: Енергетска безбедност

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирV3+16

Наставник: д–р Тони Милески

Цели на предметната програма:

Предметната програма треба да овозможи стекнување на научни и продлабочени сознанија за клучните фактори кои ја детеминираат енергетската безбедност, односно сегашната употреба и идната слика за клучните форми на енергија – нафта, јаглен, природен гас, нуклеарна енергија, електрична енергија, искористливост и обновливост на енергијата

Содржина на предметната програма:

1. Европската унија на полето на енергетската безбедност. Приодот на ЕУ кон енергетската безбедност, домашен енергетски пазар на ЕУ, надворешни димензии, регулативи за заштита на критичната енергетска инфраструктура, цевководи, заедничка надворешна безбедносна енергетска политика: состојби и предизвици. 2. НАТО и енергетската безбедносна дилема. Вклученоста и улогата на Алијансата, комплексноста на улогата на НАТО, потенцијални кризи за енергетската безбедност на НАТО, заштита на критичната енергетска инфраструктура, координација помеѓу НАТО и ЕУ. 3. Енергетска стратегија на Русија за 21 век. Моќта на руската нафта и природен гас, Русија во постсоветскиот геополитички простор, Енергетска стратегија на Русија за период одо 2020 и 2030 година, Балтички држави, Белорусија, Украина и Грузија, Руска енергетска геополитика во Југоисточна Европа, Русија и Кина на полето на енергетската безбедност, Русија и Арктикот. 4. Енергетска инфраструктура на Република Македонија. Сектори за јаглен, електро-енергетски систем на РМ, нафта и нафтени деривати, природен гас, производство на топлина, обновливи извори на енергија, бруто-примарно производство по видови енергија во РМ. 5. Енергетска безбедснот во Република Македонија: состојби и предизвици. Диверзификација на енергетските потенцијали и енергетските ресурси во Република Македонија, Енергетска безбедност во РМ: насоки за остварување на концептот, Македонија и гасоводите на Балканот како предуслов за енергетска безбедност.

Литература:

1. Тони Милески, Енергетска безбедност, Филозофски факултет, 2014

2. Antonio Marquina, Energy security: visions from Asia and Europe,Palgrave MacMilan, 2008

3. Gal Luft and Anne Korin, Energy security challenges for the 21st century: a reference handbook, ABC Clio, 2009