Б501З/18: Разузнавање и национална безбедност
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Безбедност, одбрана и мир | V | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Митко Котовчевски
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат знаења за „процесот“ на разузнавање, за организацијата и начинот на дејствување на разузнавачките служби со цел поуспешна заштита на виталните опшествени вредности од нивното разорно дејствување. Овој предмет треба да претставува вовед во светот на разузнавањето и заштита од дејствувањето на современите разузнавачки служби.
Содржина на предметната програма:
Поимовно определување на разузнавањето; Типови, категории и нивоа на разузнавање; Основни атрибути и дефинирање на разузнавањето; Основни премиси за дефинирање на разузнавањето; Четирите значења на разузнавањето; Предмет на разузнавање; Разузнавачки круг; Атрибути на разузнавањето и контраразузнавањето; Основни разузнавачки извори; Категории на завршното разузнавање; Новите безбедносни закани, националната безбедност и разузнавање на националната безбедност; Компоненти на старатегиското разузнавање; Разузнавачки служби; Методологија на работа на разузнавачките служби; Видови на разузнавачките служби; Демократска контрола и надзор на разузнавачките служби; Разузнавачко-безбедносната заедница на САД после 11 септември 2001 година. Разузнавањето во борба против тероризмот.
Литература:
1. Митко Котовчевски, Разузнавачката заедница на САД пред и после 11 септември 2001 година, 2007
2. Митко Котовчевски, Современи разузнавачки служби, Македонска цивилизација, 2002
3. Митко Котовчевски, Тајните служби на Балканот, Филозофски факултет, 2008
4. Митко Котовчевски, Англиско-македонски речник на разузнавачка терминологија, Филозофски факултет, 2007
5. Томас Квигнин, Да се види невидливото: Разузнавањето за националната безбедност во несигурно време, World Science Publishing.