БОМ401З/18: Демократска контрола на безбедносниот сектор

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирIV3+26

Наставник: д–р Оливер Бакрески

Цели на предметната програма:

Да се добијат научни и продлабочени сознанија за демократската контрола на безбедносниот сектор, како и развивање практични способности за практична примена на механизимите на контрола на безбедносниот сектор.

Содржина на предметната програма:

Поим и значење на контролата; принципи на контрола; видови контрола; зошто е потребна контрола на безбедносниот сектор, елементи на демократската цивилна контрола на безбедносниот сектор, видови контрола на безбедносниот сектор, главни компоненти на безбедносниот сектор: војска, полиција, разузнавачко-безбедносни служби, приватни безбедносни компании; формални механизами на контрола (улогата на парламентот во контролата на безбедносниот сектор, извршната власт и нејзината улога во контролата на безбедносниот сектор, судска контрола), неформални механизми на контрола-улогата на цивилното општество во контрола на безбедносниот сектор, промовирање на демократските вредности во безбедносниот сектор, контрола на безбедносниот сектор-искуства и практики.

Литература:

1. Бакрески Оливер, Контрола на безбедносниот сектор, Филозофски факултет и

Аутопринт, Скопје, 2012

2. Борн Х. и Иан Ли (ур.), Правни стандарди и најдобри практики за надзор над разузнавачките агенции, Скенпоинт, Скопје, 2006

3. Parliamentary Oversight of the Security Sector, Interparliamentary Union and DCAF, Geneva/Belgrade, 2003