БОМ303З/18: Кризен менаџмент

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирIII3+26

Наставник: д–р Марина Митревска

Цели на предметната програма:

Преглед на базичните концепти и прашања за кризен менаџмент. Преку разбирање на теориската рамка и примената на овој концепт, студентите треба да се оспособат да ги анализираат и да дискутираат за организациско-функционална поставеност на системот за управување со кризи на национално ниво.

Содржина на предметната програма:

– Кризен менаџмент: теориски основи; криза и кризна ситуација; анатомија на криза и фактори за проценување на ескалација на кризата.

– Теориски концепт на кризата: карактеристики на кризата, референтни точки на кризата, типологија на кризата и динамика на кризата.

– Современи аспекти на кризниот менаџмент: задачи, планирање, управување и стратегии за справување со кризите, модерни кризи.

– Европски кризен менаџмент: компаративни предности.

– ЕУ: развој на Заедничка европска безбедносна и одбранбена политика Европска безбедносна стратегија, Имплементација на ЕБОП (воен кризен менаџмент и цивилен кризен менаџмент, фази на управување со кризи), мисии и операции на ЕУ.

– НАТО: новиот стратегиски концепт и кризен менаџмент, алтернативни стратегии, критериуми на ризик, цели на кризниот менаџмент на НАТО, управување со кризи во ситемот на НАТО, активности на кризен менаџмент на Партнерството за мир.

– ОБСЕ: основни цели и принципи на ОБСЕ, потреба од кризен менаџмент на ОБСЕ.

– ООН: основни цели и начела на ООН, системот за кризен менаџмент на ООН, нови партнерства и нови лекции.

– Способностите и капацитетите на Р. Македонија за справување со кризи: систем за кризен менаџмент; организација, функционирање, спречување на настанување (превенција) и рано предупредување, одлучување, употреба на ресурси, комуникација, коодинација, планирање и финансирање.

Литература:

1. Марина Митревска, Кризен менаџмент, Филозофски факултет, 2015

2. Boin Arjen, The Politics of Crisis Management, Cambridge University Press, 2010

3. Mikac Robert, Suvremena sigurnost i privatne sigurnosne kompanije, Naklada Jesenski i Turk, 2013