МИС724И: Родовите и мултикултурата

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Меѓународни и интеркултурни студииVII3+16

Наставник: д–р Денко Скаловски

Цели на предметната програма:

Курсот ќе им овозможи на студентите да се запознаат со концептите, терминологијата и проблемите во мултикултурните и родовите студии, вклучително и на историјата на родовите релации во Македонија, родот како дел од културата и современите прашања од оваа област. Со изучување на содржините студентите ќе се стекнат со способност за критичко разбирање на базичните родови релации и влијанието на културната средина врз социјалните односи и комуникацијата.

Содржина на предметната програма:

Културни претстави за родовите: жените и биолошката репродукција; жените и културната репродукција на статуси и односи; жените и етносот; жените и конфесијата; политиката на идентитет и мултикултурализмот; асимилација и сепаратизам; модерноста и постмодернистичкиот феминизам; фундаментализмот и модерноста; глобализацијата, културите и постколонијалната критика; жените во меѓународната политика; жените во глобалните и дигитални мас-медиуми и средства за комуникација.

Литература:

1. Хардинг, Сандра, Дали е науката мултикултурна? (стр. 7-12; 147-170) Сигмапрес, Скопје 2004

2. Џордан, Глен,/Ведон, Крис,Културна политика:класа, род, раса ипостмодерниот свет (стр. 163-216) Темплум, Скопје 1999-2000

3. Бауман, Герд, Мултикултурна загатка: Реобмислување на националниот, етничкиот  и религиозниот идентитет ТРИ, Скопје 2009

4. Кимлика, Вил, Мултикултурно граѓанство: Либерална теорија за малцинските права, Институт за демократија, солидарност и цивилно општество, Скопје 2004

5. Симоновска, Сузана/ Скаловски, Денко, Етиката и родот (Прирачник) Филозофски факултет, Скопје 2012

6. Атанасов, Петар, Мултикултурализмот како теорија, политика и практика, Евро Балкан Пресс, Скопје 2003