МИС716И: Практикум регионални конфликти

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Меѓународни и интеркултурни студииVII3+16

Наставник: д–р Тања Милошевска

Цели на предметната програма:

Предметната програма ќе им понуди на студентите критички интердисциплинарни студии на регионите и изворите на конфликти. Способност за анализа на широк спектар на извори поврзани со дисциплината на конфликтите. Да се оспособат студентите за аналитичко и критичко размислување за проблемите и противречностите на современата меѓународна заедница. Да анализираат податоци со цел да донесуваат соодветни заклучоци за правилно разбирање и објаснување на појавите од научно теориско и апликативно значење. Способност за прибирање, анализирање, оценување и презентирање информации, идеи, концепти од релевантни податоци поврзани со регионалните конфликти. Разбирање на одредена област и познавање на тековните прашања во врска со научните истражувања и новите извори на знаење. Да развијат сопствени аргументи за односот меѓу конфликтите и општеството. Да можат да ја опишат менливата природа на војување и да ги проценат новите трендови во вооружените конфликти. Да се оспособат студентите за аналитичко и критичко размислување за да може самостојно да ги анализираат современите безбедносни предизвици. Да демонстрираат разбирање на клучните дебати поврзани со современите аспекти на регионалните конфликти.

Содржина на предметната програма:

Конфликти, дефинирање на конфликти, класификација на конфликтот. Вовед во регионални конфликти. Анализа на регионалните конфликти. Идентитет, територии и

ресурси. Конфликти за културни, национални и религиозни идентитети. Територијални конфликти. Конфликти за ресурси. Нова географија на конфликти во новиот век. Граѓански конфликти. Студии на случај и современите аспекти на регионалните конфликти. Трендови во вооружените конфликти. Анализа на регионални прашања (тероризам, пролиферација на оружје за масовноуништување).

Литература:

1. Пол Д. Вилијамс (уред), Студии по безбедност: Вовед (Security studies: an introduction) Арс Ламина (Routledge) 2012

2. Kaldor Mary, New and Old Wars: Organized Violence in a Global Era (3rd edition) Cambridge: Polity Press 2012

3. Митко Котовчевски, Етиологија на вооружените конфликти, Филозофски факултет 2007