МИС715И: Култура и помирување

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Меѓународни и интеркултурни студииVII3+16

Наставник: д–р Светлана Трбојевиќ

Цели на предметната програма:

Основната цел на програмата е стекнување на основни знаења за концептот на помирување и предизвиците кои произлегуваат од негова примена во мултикултурните и постконфликтни општества. Исто така, програмата има за цел да го посочи значењето на културните, образовни и политички фактори во процесот на помирување. Посебен акцент во оваа програма е ставен на стекнување знаења и вештини за креирање на стратегии и програми за интеркултурно помирување.

Содржина на предметната програма:

Поимно определување на концептот на помирување. Културно базирани општествени предизвици. Социјални нееднаквости како основа за развој на итеркултурно базирани конфликти. Подрачја опфатени во процесот на интеркултурното помирување.Фактори кои ја наметнуваат потребата од интеркултурно помирување. Предизвици поврзани со интеркултурното помирување. Помирувањето и концептот за правда. Помирувањето во мултикултурни држави. Стратегии и активности за интеркултурно помирување. Дизајнирање на интервенции за интеркултурно помирување. Улогата на меѓунадодната заедница во процесот на интеркултурното помирување. Институционални актери во процесот на помирување. Улогата на културата во градење на мирот и помирувањето. Улогата на образованието и образовните политики во процесот на помирување. Улогата на политичките лидери во процесот на помирување. Значењето на медиумите во процесот на помирување. Ефекти од интеркултурното помирување. Импактот на интеркултурното помирување врз општествената благосостојба.

Литература:

1. Maddison S., Conflict Transformation and reconciliation: Multilevel challenges in deeply divided societies, Routledge 2016

2. Grandin G., Levenson D.T., Oglesby, The Guatemala reader: History, culture, politics: What is Rreconciliation? Durham: Durham University Press 2011

3. Augenbraun E., Feld K., Guest I., Merrill S., Reconciling Ethnic Conflicts: A Case Study of Bosnia-Herzegovina and Croatia, USAID 1999

4. Трбојевиќ С., Мултикултурализмот во социјалната работа и социјалната политика, Филозофски факултет 2015