МИС815И: Вовед во ненасилството
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Меѓународни и интеркултурни студии | VIII | 3+1 | 6 |
Наставник: д–р Ило Трајковски
Цели на предметната програма:
Запознавање со теориските (политичко социолошки и други) премиси на ненасилството (ненасилното дејствување), со цел студентите да можат да ги препознаваат и развиваат
елементите на овој облик на решавање на конфликти.
Содржина на предметната програма:
Поим и теории за ненасилство. Ненасилството како колективно дејствување/ненасилно дејствување; Моќта и ненасилството; Ненасилна моќ. Политика на ненасилното дејствување; Граѓанското содружништво и ненасилни социјални движења; Методите на ненасилното дејствување (протест и убедување; несоработка, интервенција); Структурни елементи на ненасилното дејствување; Пројави на ненасилството во Македонија и опкружувањето: структурни, културни и политички фактори.
Литература:
1. Младеновски, Ѓ., Петковска, А., Саркањац, Б. Трајковски И, Теории на ненасилството, Балкански центар за мир, Филозофски факултет – Скопје. 1999
2. Sharp Gene, Politics of Nonviolent Action, Parts 1/2/3 Boston: P. Sargent Publisher 1973
3. Олсон Менкур, Логиката на колективна акција, Ars Lamina 2010
4. Roberts Adam and T, Ash Gartoj Thimoty (eds), Civil Resistance and Power Politics: Experience of Non-Violent Action from Gandhi to the Present, Oxford University Press 2009