МИС814И: Демократија и образование

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Меѓународни и интеркултурни студииVIII3+16

Наставник: д–р Зоран Велковски

Цели на предметната програма:

Студентите да го сватат значењето на демократското образование и да развијат  способности да се истражуваат себе си, општеството и нивната иднина. Да развијат способности да го подобруваат образованието и демократијата во нивните животи и да придонесуваат во истражувањето и развојот на знаењата. Тие ке се оспособуваат да ги развиваат демократските рефлексии за воспитанието и образованието по пат на аналитички, критички и прескриптивни пристапи. Студентите стекнуваат увиди во демократско историските и проблемски аспекти на воспитно-образовниот процес.

Содржина на предметната програма:

Односот на демократијата и образованието. Историска ретроспектива на односот на демократијата и образованието. Џон Дјуи и образованието како животна потреба. Општествената средина како воспитен фактор. Анархо-либералните теории за образованието. Паоло Фреире и консциентистичките теории за образованието. Иван Илич и теориите за десхоларизација. Социјалдемократските перспективи на образованието. Неолибералните и неоконзервативните пристапи во образованието. Постмодернизмот и технолошкиот детерминизам во образованието. Образование за сите. Општествени проблеми или предизвици на современите системи за образование. Воспитание и образование за општество кое учи. Воспитание и образование за информатичко општество. Воспитание и образование за родова рамноправност. Воспитание и образование за заштита на природата. Европски идентитет и европски образовни перспективи во образованието.

Литература:

1. Велковски, Зоран, Lacrimae Mundi, Педагошки завод, Скопје 2005

2. Dewey, John, Democracy and Education The Project Gutenberg EBook of Democracy and Education 2008

3. Freire, Paolo, Pedagogy of the oppressed, London: Pengiun Books 1993

4. European Commission, The Development of European Identity/Identities: Unfinished Business, Directorate-General for Research and Innovation, Socioeconomic Sciences and Humanities 2010

5. Ivan Illich, Deschooling society, Marion Boyars Publishers Ltd 2000

6. Edward L. Glaeser Giacomo Ponzetto Andrei Shleifer, Why does democracy need education? National Bureau of Economic Research Massachusetts Avenue Cambridge, MA 2006

7. Levin Benjamin, Democracy and education, Conference “Under Scrutiny Again: What Kind of Secondary Schools Do WeNeed?”, Vancouver, Canada 1994

8. Elisabeth Bakke, Towards a European Identity? Arena Working Paper No. 10/1995 1995