МИС503: Истражувње и анализа на податоци

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Меѓународни и интеркултурни студииV3+16

Наставник: д–р Билјана Блажевска Стоилковска

Цели на предметната програма:

Студентите да добијат основни сознанија за методите на емпириско истражување во општествените науки, посебно во полето на мировните и интеркултурните студии, да стекнат базични вештини за планирање и спроведување на сопствено истражување и да се оспособат за следење, разбирање и проценување на туѓи истражувања.

Содржина на предметната програма:

Вовед во емпириско истражување; проблем, хипотези и варијабли во истражувањето; популација и примерок; техники за прибирање на податоци; основни статистички постапки за анализа на податоци; интерпретација и соопштување на резултати од истражување; етика во истражувањата.

Литература:

1. Петроска Бешка, В., Методологија на експерименталните истражувања во психологијата, Малинска 1994

2. Höglund, K and Ö. Berg, M., Understanding peace research, Routledge 2011

3. Lamont, C., Research methods in international relations, Sage 2015