МИС404И: Меѓународна еколошка политика
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Меѓународни и интеркултурни студии | IV | 3+1 | 6 |
Наставник: д–р Тони Милески
Цели на предметната програма:
Целта на предметната програма е студентите да се стекнат со компетенции кои ќе им овозможат аналитичко, продлабочено и научно согледување на состојбите на полето на меѓународните политики за состојбите во животната средина. Конкретно, студентите ќе се оспособат да ги препознаваат вистинските меѓународни политики и да ги согледаат проблемите околу нивното имплементирање. Понатаму, да ги согледаат проблемите околу енергетските интереси на државите и нееднаквата поделба на обврските, како и отсуството на етичките принципи, регионализација и немањето соодветни правни санцкии за непочитувањето на меѓународните еколошки договори.
Содржина на предметната програма:
Меѓународниот процес на политиката за животна средина: зголемување на комплексноста и неуспехот на имплементацијата. Политика за заштита на животната средина во Европската Унија. Енергетски интереси на државите и нееднаквата распределба на одговорноста. Кјото процес. Пост-Кјото период. Неуспехот на принципиелниот дискурс. Институционализиран научен совет: дизајнирање на консензус како политички водич. Република Македонија и меѓународните еколошки политики.
Литература:
1. Sonja Boehmer-Christiansen, Aynsley Kellow, International Environmental Policy, Edward Elgar Publishing Limited 2002
2. Тони Милески, Еколошка безбедност – одржлив развој – одржлива безбедност, Филозофски факултет 2011
3. Loren R. Cass, The failures of American and European climate policy : international norms, domestic politics, and unachievable commitments, State University of New York Press 2006
4. Anna Korppoo, Nina Tynkkynen and Geir Hønneland, Russia and the politics of international environmental regimes, Edward Elgar Publishing Limited 2015