МИС305И: Историја на дипломатија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Меѓународни и интеркултурни студииIII3+16

Наставник: д–р Далибор Јовановски

Цели на предметната програма:

Студентите да се стекнат со знаења од историјата на дипломатијата, подемот и падот на големите сили во 19 и 20 век. Исто така во рамки на курсот, студентите ќе стекнат знаења и за влијанието на големите сили врз одредени процеси во светот.

Содржина на предметната програма:

Европскиот концерт по Наполеоновите војни, Источното прашање, Систем на алијанси во Европа; Сојузот на тројцата императори; Тројниот сојуз; Француско-рускиот сојуз; Антантата, Европската дипломатија и Балканот – македонското прашање; Дипломатски обиди за избегнување на Првата светска војна; Версајскиот договор; Дипломатијата помеѓу двете светски војни; рушење на Версајскиот мировен систем, Втората светска – трите пристапи кон мирот- Сталин , Рузвелт, Черчил; Почеток на Студената војна, Кризите и дипломатијата (Кореја, Берлин, Куба, Виетнам, Блискиот исток); крајот на Студената војна.

Литература:

1. Kisindžer Henri, Diplomatija, t. I-II, Verzal press, Beograd 1999

2. Кенеди Пол, Възход и падение на големите сили, Военно издателство, София 2003

3. Tejlor Alen, Borba za prevlast u Evropi 1848-1918, Veselin Masleša, Sarajevo 1968

4. Миноски Михајло, Македонија во билатералните и мултилатералните договори на Балканските држави 1861-1913, Архив на Македонија; Филозофски факултет Скопје 2000

5. Black Jeremy, A History of diplomacy, Reaktion books 2010

6. Христов Александар; Донев Јован, Македонија во меѓународните договори 1875-1919, Архив на Македонија, Скопје 1994