МИС303: Војна, култура и општество

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Меѓународни и интеркултурни студииIII3+16

Наставник: д–р Сергеј Цветковски

Цели на предметната програма:

Способност за прибирање, анализирање, оценување и презентирање информации, идеи, концепти од релевантни податоци поврзани со војната, културата и општеството. Разбирање на одредена област и познавање на тековните прашања во врска со научните истражувања и новите извори на знаење. Способност за анализа на широк спектар на извори поврзани со дисциплината на војната и општество. Демонстрираат свест за односот меѓу војна и општество – вклучувајќи ги прашањата на причинско-последичните односи и последиците. Да развијат сопствени аргументи за односот меѓу војната и општеството. Да можат да ја опишат менливата природа на војување и да го проценат нејзиниот однос со општеството. Да демонстрираат разбирање на клучните дебати поврзани со војната и општеството.

Содржина на предметната програма:

Причините за војна и условите за мир (Вовед, изучување на војната, човекови објаснувања за војната). Еволуција на модерното војување. Генерации на војни. Војната и моралот. Стратешка култура Размислување за културата и безбедноста. Политичка култура. Идентификување на стратешката култура. Стратешка култура и нуклеарно застрашување. Извори на стратешка култура. Улогата на културата во формирање на стратешко однесување на државите: Кина, САД, Јапонија, Нордиски регион (Данска, Финска, Шведска и Норвешка) и Германија. Конвеционална моќ и современите војни. Воената моќ во услови на современата глобализација. Современ западен начин на војување. Анализа на концептот на нови војни. Дебата за нови војни.

Литература:

1. Џон Бејлис, Џејмс Вирц, Колин Греј и Елиот Коен/ John Baylis, James Wirtz, Colin S. 2. Gray, and Eliot Cohen, Стратегија на современиот свет/ Strategy in the contemporary world, Нампрес/ Oxford University Press 2009/2000

3. Џозеф С. Нај, Помладиот/Joseph S. Nye, Jr., Разбирање на меѓународните конфликти/Understanding International Conflicts, Академски печат, 2008

4. Мартин Ван Кревелд/ Martin van Creveld, Трансформација на војната/ The transformation of war, Табернакул/Free Press 2009

5. Michael C. Williams, Culture and security, Routledge 2007