МИС301: Глобализација и култура
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Меѓународни и интеркултурни студии | III | 3+1 | 6 |
Наставник: д–р Горан Зенделовски
Цели на предметната програма:
Студентите ќе се запознаат со основните аналитички поими, најзначајните теориски пристапи во изучувањето и истражувањето на глобализацијата и културата. Студентите исто така, треба да се оспособат за идентификување и самостојно промислување на промените кои што се случуваат во културната сфера под влијание на глобализацијата како и со тенденциите и правците на тие промени во различни општества.
Содржина на предметната програма:
Основни поими во проучувањето на глобализацијата и културата: глобализација, култура, акултурација, културна диференцијација, конвергенција, хибридизација, креолизација, глокализација, гробализација. Теориски пристапи во изучувањето на односот на глобализацијата и културата: теории за модернизација, теориите на хиперглобалистите, скептиците и трансформационистите, теориите за светскиот систем, глобалната култура, глобалното општество и глобалниот капитализам. Политичката и економската глобализација во однос на културата; Односот на глобалното и локалното во културата; Глобализацијата во локалните социо-културни контексти промовирана преку: интернационалната бизнис култура, масовната култура и масовните медиуми, глобалната култура и глобалната потрошувачка култура. Присуството на глобализацијата во идетификаторите на културата (идентитетот, јазикот, верувањата), поточно, во моделот на вредносниот систем.
Литература:
1. Дракуловска, Чукалевска Марија, Социологија на глобализацијата, Филозофски факултет 2015
2. Ap Apaduraj, Ardžun, Kultura I globalizacija, Biblioteka XX vek 2011
3. Tomlison, John, Globalization and Culture, IAPS 2006
4. Nederveen Pieterse, Ian, Globalization and Culture: Global Mélange, Rowman & Littlefield Publishers, Inc.2009
5. Robertson, Roland, Globalization: Social Theory and Global Culture, SAGE Publications. 1992
6. Featherstone, Mike ed., Global Culture: Nationalism, Globalization and Modernity, SAGE Publications 1990
7. Roudometof, Victor, Transnationalism, Cosmopolitanism and Glocalization, Current Sociology SAGE Publications 2005