МИС103: Региони, народи и држави
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Меѓународни и интеркултурни студии | I | 3+1 | 6 |
Наставник: д–р Тони Милески
Цели на предметната програма:
Стекнување со базични знаења од областа на научната дисциплина на политичката географија, нејзиниот развој, перспективи и клучни аргументи. Со таа намена, предметната програма ги обработува теоретските аспекти на заемниот однос на просторот, моќта и идентитетите. Совладувајќи ја оваа материја студентите ќе се стекнат со способност да ја разберат рамката за препознавање и анализирање на главните светски региони и нивните базични културни, политички и природни карактеристики во компаративен контекст, како и заемното влијание на географијата и политиката. Разбирање на поимот на регионализација во сета негова сложеност и менливост, зависно од природните, историските и политичките констелации. Поттикнување на критичко мислење за политиката и меѓународните односи, низ призма на политичката и хуманата географија.
Содржина на предметната програма:
клучни теории на политичката географија, клучните концепти и терминологија на оваа научна дисциплина; преглед на развојот на полето на политичката географија; влијанието на географијата врз формирањето на политичките ентитети и идентитети и организации; политичко-географскиот процес и политичката карта на светот и на одделните светски региони; територијални спорови и трговија со територии; формирање на политичко-географската карта на Балканот; политичко-географски карактеристики на Република Македонија.
Литература:
1. Тони Милески, Политичка географија и геополитика, Филозофски факултет 2012
2. Carolyn Gallaher at al, Key Concepts In Political Geography, SAGE Publications 2009
3. Пол Клок и др., Применета хумана географија, Просветно дело 2009
4. Sallie Morsten et al., World Regions in Global Context, Pearson College Division 2013