БОМ101З/18: Полемологија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирI3+26

Наставник: д–р Митко Котовчевски

Цели на предметната програма:

Стекнување на знаења за научните достигнувања и закономерностите од областа на Полемологијата и развивање на нивните способности за научно следење, детектирање и прогноза во сите облици на примена на воена/убиствена сила низ историјата и во современата меѓународна заедница.

Содржина на предметната програма:

Силата, моќта и политиката во контекст на војната и војувањето; Конфликти, видови и нивна трансформација; Надворешни вооружени конфликти; Војна; Народна војна; Војни за ресурси; Глобализациски војни; Превентивна војна; Вооружена агресија; Воена интервенција; Погранични вооружени судири; Конфликт со низок интезитет; Државен удар со надоврешно мешање; Граѓански конфликти; Вооружен бунт; Панбунт; Револуција. Еволуција и дефинирање на тероризмот. Како функционира тероризмот. Поделба на тероризмот. Видови на тероризмот кои се идентификуваат како облик на војна. Организација и функционирање на терористички организации. Терористички стратегии, тактики и мотивации. Категории на терористичките групи. Нови бранови на тероризмот. Нови тенденции на глобалниот тероризам.

Литература:

1. Митко Котовчевски, Полемологија, Филозофски факултет, 2011

2. Митко Котовчевски, Современ тероризам, Македонска цивилизација, 2003

3. Митко Котовчевски, Етиологија на вооружените конфликти, Бомат графикс, 2007

4. Мартин Ван Кревелд, Трансформација на војната, Табернакул, 2009