Д701З/18: Методика на работа со лица со умерена, тешка и комбинирана попреченост

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Специјална едукација и рехабилитацијаVII2+36

Наставник: д–р Наташа Станојковска-Трајковска

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат знаења за научните и практичните достигнувања од областа на методиката на работа со деца/лица со умерена, тешка, длабока и комбинирана попреченост.

Содржина на предметната програма:

Воспитно-образовна работа со лица со умерена, тешка и длабока интелектуална попреченост, лица со аутизам и со комбинирана попреченост. Институционален третман: работа во установи за заштита и рехабилитација. Вонинституционална заштита: Деинституционалнализација. Прифаќање и третман во центри за дневно згрижување. Сместување во згрижувачки семејства. Самостојно живеење со подршка. Лична асистенција.

Литература:

1. Петров, Р., Ѓурчиновска, Л., Станојковска Трајковска, Н., Заштита и рехабилитација на лица со инвалидност, Филозофски факултет, Скопје, 2008

2. Петров, Р., Третман на тешко ментално ретардирани лица, Спектар АС, Неготино, 1999

3. Соколовски, Ж., Третман умерено ментално ретардираних лица, Савез друштва за помоћ МНРО, Београд, 1977

4. Петров, Р., Копачев, Д., Такашманова-Сoколовска, Т., Деинституционализација на деца со тешка ментална ретардација, Филозофски факултет, Скопје, 2004

5. Петров, Р., Лица со инвалидност. Професионална ориентација, оспособување и вработување, Филозофски факултет, Скопје, 2007

6. Gligorović, M., Procena radnih sposobnosti, sklonosti i veština osoba sa intelektualnom ometanošću, Fakultet za specijalnu edukaciju i rehabilitaciju, Beograd 2015