Д404И/18: Брајово писмо
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Специјална едукација и рехабилитација | IV | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Даниела Димитрова-Радојичиќ
Цели на предметната програма:
Студентите да добијат продлабочени познавања за современите методско-дидактички пристапи во наставата за читање и пишување на Брајово писмо.
Содржина на предметната програма:
Развој на писмото за слепи лица во минатото. Луј Брај и неговото писмо. Развој и улога на тактилно-кинестетичката перцепција во процесот на читање и пишување. Проценка и подготовка за описменување на Брајово писмо (предбукварска настава). Учење на читање и пишување (букварска настава). Читањето и пишувањето на Брајово писмо (послебукварска настава). Средства за пишување на Брајово писмо (традиционални и современи).
Литература:
1. Д. Димитрова Радојичиќ, Брајово писмо, Филозофски факултет, Скопје, 2014
2. Б. Јаблан, Читање и писање брајевог писма, ЦИД, Београд, 2010
3. В. Радулов, Браилово ограмотаване и мултиграматност, Контраст, Софија, 2009
4. Б. Јаблан, Моторне и тактилне функције код слепе деце, ЦИД, Београд, 2007