Д403З/18: Специфични тешкотии во учењето

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Специјална едукација и рехабилитацијаIV2+36

Наставник: д–р Александра Каровска Ристовска

Цели на предметната програма:

Стекнување на знаења за основните методи на читање и пишување. Стекнување на знаења за идентификација на дислексијата, дисграфијата, дискалкулијата и диспраксијата. Стекнување на знаења за рана интервенција на ученици со тешкотии во учењето. Стекнување на знаења за рехабилитациони методи, техники за работа и развој на инклузивен курикулум за ученици со дислексија, дисграфија, дискалкулија и диспраксија.

Содржина на предметната програма:

Читање. Фази во усвојување на читањето. Видови читање. Модели на читање. Фонолошка свесност. Норми за читање. Дислексија. Невролошки аспекти и теории за настанувањето на дислексијата. Митови за дислексија. Дефинирање на дислексијата. Причини за појава на дислексија. Знаци и симптоми на дислексија. Карактеристики на читањето со дислексија. Проблеми во учењето кои може да влијаат врз читањето. Видови дислексија. Стратегии за работа со ученици со дислексија. Пишување. Видови пишување. Вештини потребни за да се совлада пишувањето. Зошто учениците избегнуваат пишување. Дисграфија. Невролошка основа на дисграфија. Причини за појава на дисграфија. Клиничка слика на дисграфија. Видови дисграфии. Грешки во пишуваните текстови кај дисграфичните ученици. Стратегии за работа со деца со дисграфија. Дискалкулија. Симптоми на дискалкулија. Причини за појава на дискалкулија. Видови на дискалкулија. Стратегии за работа со деца со дискалкулија. Диспраксија. Симптоми на диспраксија. Стратегии за работа со деца со диспраксија. Алтернативни интервенции

Литература:

1. Каровска Ристовска А., Кардалеска Љ., Ајдински Г., Специфични тешкотии во учењето (дислексија, дисграфија, дискалкулија и диспраксија), Филозофски факултет, 2016

2. Davis, R. D., Braun, E. M., The gift of dyslexia. The Berkley Publishing group, 1994

3. Reid, G., Dyslexia, Continuum, 2011

4. Vladisavljević, S., Disleksija i disgrafija. Zavod za udžbenike i nastavna sredstva, 1991

5. Бракус, Р., Развојне дислексије и дисграфије. Београд: Задужбина Андрејевић, 2003

6. Henderson, A., Dyslexia, Dyscalculia and Mathematics: A practical guide, Routledge 2012

7. Portwood, M. N., Developmental dyspraxia identification and intervention: A manual for parents and professionals, David Fulton Publishing, 1999