Д401З/18: Процена на психомоторен развој
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Специјална едукација и рехабилитација | IV | 2+3 | 6 |
Наставник: д–р Горан Ајдински
Цели на предметната програма:
Да се стекнат знаења за дијагностиката како процес, нејзината примена и значење. Да се воведат студентите во првичните дијагностички процеси со проценка на одредени структури на психомоториката.
Содржина на предметната програма:
Вовед во дијагностичка постапка. Значење на дијагностиката како процес и нејзината примена во институциите на системот. Улогата на мултидисциплинарниот тим во процесот на дијагностика (процена на психомоторен развој). Улогата на дефектологот, работните задачи при неговата проценка. Анамнеза и земање на анамнестички податоци. Начин на земање анамнеза кај деца со интелектуална попреченост, глуви и наглуви, телесни инвалиди, слепи и слабовидни. Опсервација. Постапки во текот на опсервацијата и начин на изведување. Процена на доминантна латерализираност. Процена на психомоторика на горни и долни екстремитети. Процена на праксичка организираност. Процена на гностичка организираност. Процена на практогностичка организираност. Процена на говор. Процена на сознајни функции. Процена на однесување.
Литература:
1. Ћордић, А., Бојанин, С., Општа дефектолошка дијагностика, Завод за уџбенике и наставна средства, Београд, 1997
2. Минчев, Б. и др., Раководство за иследване на детето I и II, Веда Словена, Софија, 2004