Д306И/18: Психологија на лица со посебни потреби
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Специјална едукација и рехабилитација | III | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Огнен Спасовски
Цели на предметната програма:
Да се добијат научни и продлабочени сознанија за специфичните развојни и личносни карактеристики на лицата со посебни образовни потреби, за причините за потребата од дополнителна помош во образованието, за начините за работа со лицата со потреба од дополнителна помош во учењето.
Содржина на предметната програма:
Како се разбираат посебните образовни потреби. Класификација на посебни образовни потреби. Модели на пристапи кон лицата со посебни образовни потреби базирани на ресурси. Специфичности во когнитивното функционирање. Социоемоционален развој. Самосвест и идентитет на лицата со посебни потреби. Модел на социјална правда во образованието на лицата со потреба од дополнителна помош во учењето.
Литература:
1. Огнен Спасовски, Психологија на лица со посебни образовни потреби, Филозофски факултет, Скопје, 2016
2. Hrnjica, S., Bala, J., Dimković, N., Novak, J., Popović, D., Radoman, V., Radonjić, J., Živković, G. Ometano dete. Zavod za udžbenike i nastavna sredstva, Beograd, 1991
4. Лани Флоријан, Прирачник за специјално образование, SAGE 2014
5. Петров, Р., Копачев, Д., Такашманова, Т., Деинституционализација на деца со тешка ментална ретардација, Филозофски факултет, Скопје, 2004, 21-111.