Д304З/18: Рана интервенција и едукација на деца со интелектуална попреченост

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Специјална едукација и рехабилитацијаIII2+26

Наставник: д–р Горан Ајдински

Цели на предметната програма:

Да се стекнат знаења за лицата со интелектуална попреченост, нивната едукација, аспекти на сексуалното образование, рехабилитацијата и третманот. Новини во раната интервенција и инклузивните процеси.

Содржина на предметната програма:

Односот на лицата со интелектуални пречки во развојот низ историјата. Термини (терминологија) за попреченоста. Дефинирање на менталната ретардација (интелектуална попреченост). Класификација на интелектуалната поптреченост. Распространетост на лицата со интелектуални пречки во развојот. Причинители за попреченоста. Карактеристики во развојот кај лицата со интелектуални пречки. Аспекти на сексуалното образование. Превентива, рано откривање, дијагностика и рана интервенција на децата со интелекуални пречки во развојот. Едукација – предучилишно, основно и средно образование. Интеграција и инклузија во редовнто предучилишно и основно образование. Згрижување и социјално-економски аспекти на рехабилитацијата. Институционална аштита, едукација и рехабилитација на учениците со посебни образовни потреби. Вработување, деинституционализација, спорт и рекреација, семеен живот.

Литература:

1. Горан Ајдински, Кескинова Ангелка, Мемеди Буниамин, Интелектуална попреченост,Универзитет во Тетово, 2016

2. Горан Ајдински, Олигофренологија, Бомат Графикс / Филозофски факултет Скопје, 2007

3. Clifford J. D., Michael L. H., Mental Retardation, A Lifespan Approach to People with Intellectual Disabilities, Pearson Education, New Jersey, 2004