Д301З/18: Рана интервенција и едукација на деца со моторни нарушувања

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Специјална едукација и рехабилитацијаIII2+26

Наставник: д–р Наташа Чичевска-Јованова

Цели на предметната програма:

Стекнување на знаења за најчестите ризик фактори кои го загрозуваат животот или здравјето на новородените деца. Студентите да се стекнат со вештини за спроведување на различни дијагностички, едукациски и рехабилитациски постапки специфични за лицата со моторни нарушувања.

Содржина на предметната програма:

Дефинирање на поимот рана интервенција; Програми за рана интервенција; Модели и тимови за рана интервенција (мултидисциплинарен, интердисциплинарен и трансдисциплинарен тим); Членови и работни задачи на стручниот тим за рана интервенција; Деца родени со фактор на ризик; Регистар за невроризични деца; Национална листа на ризик-фактори кај новородените деца во Р. Македонија; Раст и развој; Фактори кои влијаат на растот и на развојот; Карактеристики на телесниот раст и развој; Водич за следење на созревањето, растот и развојот кај деца од раѓање до 4 години; Семејството на децата со пречки во развој; Први реакции на родителите кои имаат дете со пречки во развојот; Односот на браќата и сестрите кон детето со пречки во развојот; Односот на бабите и дедовците кон детето со пречки во развојот.

Литература:

1. Наташа Чичевска Јованова, Оливера Рашиќ Цаневска, Рана интервенција на деца родени со фактор на ризик, Филозофски факултет, Скопје, 2013

2. Christina Groark, Steven Eidelman, Louise Kaczmarek, Susan Maude, Early Childhood Intervention in 3 volumes: Shaping the Future for Children with Special Needs and Their Families, Praeger, 2011

3. Louise Porter, Educating Young Children with Additional Needs, Allen & Unwin, 2002