Д207И/18: Специјална дидактика
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Специјална едукација и рехабилитација | II | 2+1 | 6 |
Наставник: д–р Вера Стојановска
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат знаења за општите законитости на наставниот процес и да научат да ја планираат, анализираат и вреднуваат наставната работа. Студентите да ги сфатат општите законитости и тенденции на современата настава како специфичен процес на сознание, темелно да ги усвојат општите дидактички категории, да ги проучат генезата и ефективните видови на настава. Да стекнат темелни знаења и да се оспособат за: планирање, реализирање и евалуирање на наставата, примена на современи методски приоди, иновирање на наставата.
Содржина на предметната програма:
Дидактиката како научна дисциплина. Поим за образование. Поим и суштина на наставата. Процесот на сознанието во наставата. Дидактички концепти на наставата. Цели и задачи на наставата. Таксономија на наставните цели. Класификација и видови на настава. Комуникација во наставата. Систем на дидакатички принципи. Содржина на образованието, наставен план и наставни програми. Структура на наставниот процес. Наставен час. Етапи на наставниот процес. Наставни методи. Форми на наставна работа. Наставни медиуми. Планирање и подготовка на наставниот процес. Евалуација на дидактичката ефикасност на наставниот час.
Литература:
1. Донев, Д., Мирчевска, Л., Велковски, З., Ќосевска, Е., Стојановска, В., Глигоров, И., Ризова, Е., Промоција на здравјето и здравствено воспитание, Медицински факултет, Скопје, 2014, стр. 123-189
2. Стојановска, В., Наставни медиуми, Филозофски факултет, Скопје, 2012
3. Cindrić M., Miljković D., Strugar V., Didaktika i kurikulum, IEP – D2, Zagreb, 2010
4. Дамјановски, А., Индивидуализацијата на наставата, Просветно дело, Скопје, 1993
5. Marzano, R. J. i sur., Nastavne strategije, Educa, Zagreb, 2006
6. Mattes W., Nastavne metode, Naklada Ljevak, Zagreb, 2007