Д204З/18: Општа психологија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Специјална едукација и рехабилитација | II | 2+3 | 6 |
Наставник: д–р Виолета Арнаудова
Цели на предметната програма:
Да се стекнат основни знаења од областа на психологијата кои ќе им помогнат на студентите поуспешно да ги следат содржините од другите психолошки предмети и да стекнат знаења кои ќе им помогнат подобро да ги објаснат појавите што се изучуваат во рамки на оваа студиска програма.
Содржина на предметната програма:
Вовед во психологијата: Предмет, развој и методи на психологијата. Органски основи на психичкиот живот. Развој на психичкиот живот. Психички процеси: осети, перцепции, учење, помнење и заборавање, мислење и говор, емоции, мотивација. Личност: Структура (способности, темепрамент, карактер), Динамика и развој на личноста (биолошки и социјални фактори за развој на личноста). Типови и типологии на личност. Теории за личноста.
Литература:
1. Рот, Н., Општа психологија, Завод за уџбенике и наставна средства, Београд, 2009
2. Petz, B., Uvod u psihologiju. Psihologija za nepsihologe, Naklada Slap, 2008