Д203З/18: Хумана генетика
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Специјална едукација и рехабилитација | II | 2+3 | 6 |
Наставник: д–р Владимир Трајковски
Цели на предметната програма:
Да се добијат научни и продлабочени сознанија за научните достигања во хуманата генетика, која ги изучува патолошките состојби во чија основа е генетското нарушување. Студентите да ги научат основните генетски принципи што имаат влијание во дефектолошката практика (да ги знаат, разберат и применуваат основните принципи на генетиката во препознавањето, дијагнозата и пристапот кон вродените и наследните болести, да ги знаат интеракцијата на гените и околината).
Содржина на предметната програма:
Вовед во генетика; Класична генетика; Структурна организација на клетката; Цитогенетика; Молекуларни основи на наследувањето; Наследување и видови наследувања; Промени во наследните чинители (аберации и мутации); Вовед во клиничка генетика-пренатално дијагностички методи; Конгенитални малформации; Хромозомски болести; Метаболички генопатии; Генетски аспекти на ментална ретардација; Генетски аспекти на глувост; Генетски аспекти на слепило; Генетски аспекти на телесен инвалидитет; Генетски аспекти на аутизмот, Генетско советување.
Литература:
1. Трајковски, В., Хумана генетика, Филозофски факултет, Институт за дефектологија 2005
2. Трајковски, В., Практикум по хумана генетика, Филозофски факултет, Институт за дефектологија 2003
3. Михајловић, Љ., Михајловић, Н., Хумана генетика. Висока медицинска школа струкових студија, Ћуприја, 2009
4. Lewis, R., Human Genetics – Concepts and Applications, McGraw Hill, 2007
5. Ninković D., Medicinska genetika, FASPER, Beograd, 2007