Д103З/18: Општа педагогија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Специјална едукација и рехабилитација | I | 3+1 | 6 |
Наставник: д–р Анета Баракоска
Цели на предметната програма:
Да се стекнат научни и продлабочени сознанија за развојот, местото и улогата на педагогијата во системот на општествените науки, да се запознаат со темелните научни определби на педагошката наука, задачите на педагошката наука, системот на педагошки дисциплини, да се запознаат со концептуалната база на основни педагошки поими и категории, да стекнат знаења за суштината и крактерот на феноменот воспитание, целт и задачите на воспитанието, воспитанието во функција на развитокот на личноста, да ја усвојат и применуваат педагошката терминологија.
Содржина на предметната програма:
Класификација на науките и местото на педагогијата во системот на науките; педагогијата како наука за воспитанието; Развој на педагогијата како теорија на воспитанието; Темелни научни определби на педагошката наука (предмет, задачи, ситем на педагошки дисциплини, системски елементи, закони, законитости); Односот на педагогијата со другите науки; Суштина и основни карактеристики на воспитанието; Основни педагошки поими; Воспитание во пошироко и потесно значење; Односот меѓу воспитанието, социјализацијата и персонализацијата; Фактори во развитокот на личноста; Воспитаник-воспитувач; Цел на воспитанието; Воспитно-образовен систем.
Литература:
1. Баракоска, А., Општа педагогија, Филозофски факултет, Скопје, 2013
2. Баракоска, А., Педагогиј,а Филозофски факултет, Скопје, 2007
3. Поткоњак, Н. (редакција) и други, Општа педагогија, Учитељски факултет, Београд, 1996
4. Mandić, P., Radovanović, I., Mandić, D., Uvod u opštu i informatičku pedagogiju, Beograd: Učiteljski fakultet, 1993
5. Milat, J., Pedagogija, Teorija osposobljavanja, Školska knjiga, Zagreb, 2005
6. Gudjons, H., Pedagogija – temeljna znanja, Educa, Zagreb, 1994