А103З/18: Методологија на археолошките истражувања 1
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Археологија | I | 4+2 | 6 |
Наставник: д–р Драги Митревски
Цели на предметната програма:
Да се добијат знаења за суштината, принципите и методите на теренските археолошки истражувања.
Содржина на предметната програма:
Вовед во археологијата и археолошките истражувања, археолошки наоди и локалитети, поим за теренска стратиграфија. Организација и реализација на археолошки рекогносцирања, сондажни и систематски ископувања.
Литература:
1. Д. Митревски, Археолошки методи и принципи на теренското работење, Филозофски факултет, Скопје, 2008.
2. Група автори, Цивилизации на почвата на Македонија, кн. 2, МАНУ, 1995.
3. Д. Митревски, Праисторија на Македонија, кн.1, МАНУ, 2012.