А705И/18: Социологија на културата
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Археологија | VII | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Антоанела Петковска
Цели на предметната програма:
Да се добијат научни и продлабочени сознанија за: природата, структурата, механизмите на дејствувањето на културните феномени во интеракција со останатите општествени феномени и динамиката на развојот на културата.
Содржина на предметната програма:
Определба на културата со особен осврт на социолошкиот поим за културата; кус преглед на социјалната историја на културата (предмодерно, модерно и постмодерно доба); определба на сродни поими и поделба на културата (цивилизација, материјална и духовна култура, традиција и прогрес); видови култура (поткултура, контракултура, масовна култура, елитна култура, народна култура);елементи на културата; вредности, норми, обичаи; културен идентитет и културен интегритет; културата и другите општествени феномени; културата и современите општествени процеси (глобализација, регионализација,локализација); културна политика, културен менаџмент и маркетинг во културата; културна продукција и културна репродукција; култура и јазик; култура и комуникација.
Литература:
1. Коковиħ, Д., Пукотине културе, Просвета, Београд, 1997.
2. Вилијамс, Р., Културата, Култура, Скопје, 1996.
3. Петковска, А., Есеи од социологијата на културата (11-127; 261-279), Аз-Буки, Скопје, 2009.
4. Шешиќ-Драгичевиќ, М., Стојковиќ, Б., Култура, Темплум, Скопје, 2003.
5. Mulhern, F., Culture/Metaculture, Routledge, 2000.
6. Jenks, C., Culture, Routledge, 2005.
7. Анастасова, С., Современа популарна култура, Центрифуга, Скопје, 2012.