А702З/18: Музеологија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Археологија | VII | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Никос Чаусидис
Цели на предметната програма:
Запознавање со базичните поими, методи и елементите на музеологијата. Музеи во Македонија и светот. Оспособување со примарните концепти за подготовка на изложба.
Содржина на предметната програма:
Културна и историска база на музејот. Музеологија, музејски предмет, музеалност, споменик на културата. Музејот како установа: функционални одделенија и служби, документација, музејска заштита, музејска комуникација, поделба на музеите. Музејска изложба: комуникација, принципи, музеографски помагала. Метафизички аспекти на музејот.
Литература:
1. Н. Чаусидис, Музеологија, Филозофски факултет, Скопје, 2012.
2. I. Marojević, Uvod u muzeologiju, Zavod za informacijske studije, Zagreb, 1993.
3. Ѓ. Миљковиќ, Прилог кон историјата на музејското дело на територијата на Социјалистичка Република Македонија, Музеи на Македонија, Скопје, 1982.
4. A. Gob, N. Druge, Muzeologija. Istorija, razvoj i savremeni izazovi, Narodni Muzej; Clio, Beograd, 2009.
5. П. Вук-Павловиќ, Творештвото и музејската естетика, Мета форум, Скопје, 1994.
6. Нова музејска теорија и пракса, Нампрес, Скопје, 2009.