А605И/18: Средновековна нумизматика

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
АрхеологијаVI2+26

Наставник: д–р Ирена Теодора Весевска

Цели на предметната програма:

Студентите да се запознаат и да ги совладаат основните методи на идентификација на нумизматичкиот материјал; да ги совладаат методите на интерпретација на нумизматичкиот материјал како примарен археолошки и историски извор на податоци; да го согледаат значењето на наодите на монети и на монетите за проучување на монетарната, економската, политичката и културната историја на Македонија во средниот век; да ги совладаат основните елементи на монетарните системи на Византиското царство, средновековните балкански држави, Венецијанската република и Отоманското царство.

Содржина на предметната програма:

Монетите во раниот, средниот и доцновизантискиот период; византиските монети, нивната иконографија и политичката идеологија на царството; формирањето и функционирањето на паричните системи на српската средновековна држава, бугарското царство и централногрчките политички ентитети по 1204 година и нивното присуство на територијата на Македонија; продорите на „странски валути“; монетарната војна меѓу Србија и Венеција во 13. и раниот 14. век; паричниот систем на Византија по 1261 г.; парите на независните владетели во Македонија по падот на српската средновековна држава; османската продукција на пари во Македонија (16-17 в.).

Литература:

1. Ph. Grierson, Byzantine coins, University of California Press, 1998.

2. Монетите и монетоковниците во Македонија, Народна банка на Македонија, 2002.

3. Д. Гњатовић, Добри и зли динари, 1998.

4. Основни нумизматички каталози за идентификација на монети.