А5043/18: Историја на Стариот Век

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
АрхеологијаV4+26

Наставник: д–р Војислав Саракински

Цели на предметната програма:

Да се добијат научни и продлабочени сознанија за историскиот процес кај Хелените и кај Римјаните, како главни представници на античката цивилизација. Студентите да се здобијат со научни и продлабочени сознанија за историските процеси особено на државен план, со цел стекнување историска свест потребна за разбирање на современите историски процеси, како и да се оспособат за работа со сите видови извори.

Содржина на предметната програма:

Видови на уредување (полисно, сојузно); Раѓање на полисот: законите на Дракон, реформите на Клејстен, Солон, Ефијалт; меѓусебни односи на полисите, криза на полисот; потпаѓање под македонска власт и губење на политичката самостојност; Процесот на колонизација; хеленската колонизација во јужна Италија и Сицилија Етничкиот мозаик на Апенинскиот полуостров: Етрурци, извори и куса историја. Најстарата историја на Рим: кралското уредување и преминот во Република, уредување и законодавство. Процес на создавање на единствена држава на Апенинскиот Полуостров. Ширење на Римската Република кон Исток (Балканскиот полуостров, Мала Азија и Египет) и Запад (Келти и Германи). Создавање на првите провинци, уредување, градски живот, извори. Принкипат: уредување, законодавство. Преминување на Републиката во Царство.

Литература:

1. V. V. Struve – D. P. Kalistov, Stara Grčka, Veselin Masleša, Sarajevo, 1951.

2. P. Lisičar, Grci i Rimljani, Zagreb, 1977.

3. Н. Машкин, Историја на стариот Рим, Зумпрес, Скопје, 1995.

4. М. Мирковић, Римска држава, т. 1, Досије, Београд, 2002.

5. M. Ростовцев, Историја старог света, Фамилет, Београд, 2004. 6. Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Догер, Скопје, 1995