А405И/18: Античка уметност во Македонија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
АрхеологијаIV2+26

Наставник: д–р Марјан Јованов

Цели на предметната програма:

Запознавање на студентите со најзначајните уметнички остварувања од античкиот период од територијата на Р. Македонија. Стекнување на знаења за уметноста во класичниот, хеленистичкиот и римскиот период, за влијанијата на соседните култури и нивните уметнички дострели врз развојот на уметноста во античкиот период на тлото на Р. Македонија.

Содржина на предметната програма:

Појава и развој на античката уметност во Македонија. Први импорти на уметнички дела од хеленскиот свет. Појава на архитектурата, јавни градби од профан и сакрален карактер. Сликани вази од Р. Македонија, камена пластика, теракоти, применета уметност и уметничко занаетчиство, локална продукција и импорт.

Литература:

1. В. Битракова Грозданова, Споменици од хеленистичкиот период во СР Македонија, Скопје, 1987.

2. В. Соколовска, Античка скулптура во Македонија, Скопје, 1987.

3. Група автори, Македонија – уметничко наследство, Скопје, 1995.

4. Група автори, Македонија, милениумски факти, Скопје, 2014.

5. П. Кузман, Е.Димитрова, Охрид, Скопје, 2011.

6. М. Јованов, Античка бронза во Македонија, Скопје, 2008.