С О О П Ш Т Е Н И Е ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ ЗА СТУДИСКАТА 2023/2024 ГОДИНА
ЗАПИШУВАЊЕТО НА НОВИТЕ СТУДЕНТИ ЌЕ БИДЕ НА 26.9.2023 ГОДИНА ОД 8.30 ДО 15.00 ЧАСОТ ВО ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА СО СЛЕДНИТЕ ДОКУМЕНТИ:
- Индекс (без залепена фолија) и студентска легитимација
- Образец за запишување семестар
- Пријавен лист (шв 20)
(индексот, студентската легитимација, образецот за запишување семестар и пријавниот лист (шв 20) ги има во Студентскиот сервис на Филозофскиот факултет)
- Три фотографии (две од 3,5х4,5 см и една од 2х3 см);
- Потврда за:
- уплатени 750,оо денари – за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака за ИКСА на УКИМ Филозофски факултет, на жиро сметка 100000000063095, депонент: НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 160010368978818, приходна шифра 723012, програма 41; (уплатница ПП 50) (Надоместокот на оваа точка го поднесуваат сите примени кандидати, во сите категории студенти (вклучително и студентите ослободени од плаќање партиципација и кофинансирање, по разни основи). Овој надоместок студентите го поднесуваат секоја учебна година, при запишување на зимскиот семестар.)
- уплатени 1000,оо ден. за ПРИРАЧНИК ЗА СТУДЕНТИ на жиро-сметка на Филозофски факултет: Назив на примачот: Буџет на РСМ-Филозофски факултет, Банка на примачот: НБ на РСМ, Сметка: 100000000063095, Сметка на буџетски корисник: 160010422778818, Приходна шифра: 723013, програма: 41, (на уплатница ПП 50);
- уплатени 300,оо ден. за испити од семестар на жиро-сметка на Филозофски факултет: Назив на примачот: Буџет на РСМ-Филозофски факултет, Банка на примачот: НБ на РСМ, Сметка: 100000000063095, Сметка на буџетски корисник: 160010422778818, Приходна шифра: 723013, програма:41 (на уплатница ПП 50);
- уплатени 100,оо денари за активности на факултетско собрание на жиро сметка на Филозофски факултет, Банка на примачот: НБ на РСМ, сметка : 100000000063095, Сметка на буџетски корисник: 160010422778818, Приходна шифра: 723019, програма: 41 ( уплатница ПП 50) и да се напише кај повикување на број – задолжување: 723019-1118;
- уплатен цел износ (200 €-студенти од државна квота или 400 €-студенти со кофинансирање/вонреден) или прва рата од 100€ (прва рата за студенти од државна квота) или 200 € (прва рата за студенти со кофинансирање/вонреден) во денарска противвредност на жиро-сметка на Филозофски Факултет: Назив на примачот: Буџет на РСМ-Филозофски факултет, Банка на примачот: НБ на РСМ, Сметка: 100000000063095, Сметка на буџетски корисник: 160010422778818, Приходна шифра: 723012, програма: 41, (на уплатница ПП 50);
22.09.2023 год. ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ
Leave a Reply