С О О П Ш Т Е Н И Е за потребни документи за пријавување на кандидатите на Конкурсот за запишување на студенти во третиот уписен рок за учебната 2023/2024 на Филозофскиот факултет во Скопје
I. ВАЖНО: кандидатите пред поднесувањето на документите, задолжително треба да ја пополнат електронската апликација
на следниот линк: www.upisi.ukim.edu.mk
Поднесувањето на документите ќе се врши на 28.9.2023 год. од 8.00 до 15.00 часот во просториите на
Филозофскиот факултет
II. Потребни документи:
- пријавен лист за конкурс (Образец А1);
- електронска пријава (од iKnow-системот);
- оригинални свидетелства од сите класови;
- документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование);
- извод од матична книга на родените (оригинал без разлика на датумот на издавање);
- доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение) – оригинал без разлика на датумот на издавање ;
- потврда за уплата и тоа:
- за административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка Скопје;
Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ03161; Конто 722313 00) - за уплатени 300,оо денари (на жиро-сметка на факултетот: Назив на примачот: Буџет на РМ-Филозофски факултет,
Банка на примачот: НБ на РМ, Сметка: 100000000063095, Сметка на буџетски корисник: 160010422778818, Приходна
шифра: 723013,програма: 41, на уплатница ПП 50);
- Изјава за национална припадност (од iKnow-системот)
- Изјава за согласност за лични податоци (од iKnow-системот)
III. Кандидатите кои конкурираат за вонредно студирање ги поднесуваат, покрај документите од точка II. и следните документи:
образец М1/М2 нотарски заверен, или
лекарско уверение издадено од Студентската поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
IV. Кандидатите кои конкурират за упис без партиципација, покрај документите од точка II., а во зависност од категоријата на
која и припаѓаат треба да достават и:
Соодветна документација за:
- припадници на безбедносните сили, деца на загинат или починат припадник на безбедносни сили (види
конкурс)
Соодветна документација за :
– лицe кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители до 26-годишна возраст, доколку се
невработени (потврда од надлежниот центар за социјална работа и потврда од Агенцијата за вработување); - Лица со инвалидност, согласно Уредбата која ја донесува Владата (се докажува со Наод и мислење на
службата за функционална проценка при ЈЗУ Здравствен дом – Скопје и со Решение од Центарот за
социјална работа за видот и степенот за попреченоста) - Родител на дете до 6 годишна возраст, доколку е невработен (се докажува со извод од матична книга на
детето и Потврда за евидентирано невработено лице) - воени инвалиди (се докажува со Решение за Министерството за труд и социјална политика – Управа за
прашања на борците и воените инвалиди) - Лице растени во домови за напуштени деца до 26-годишна возраст, доколу се невработени (Потврда од дом
и Потврда за евидентирано невработено лице)
КОНКУРСНА КОМИСИЈА НА ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ
Leave a Reply