%d1%81-%d0%be-%d0%be-%d0%bf-%d1%88-%d1%82-%d0%b5-%d0%bd-%d0%b8-%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%b1%d0%bd%d0%b8-%d0%b4%d0%be%d0%ba%d1%83%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b8-%d0%b7%d0%b0

С О О П Ш Т Е Н И Е за потребни документи за пријавување на кандидатите на Конкурсот за запишување на студенти во вториот уписен рок за учебната 2023/2024 на Филозофскиот факултет во Скопје

ВАЖНО: кандидатите пред поднесувањето на документите, задолжително треба да ја пополнат електронската апликација на следниот линк: www.upisi.ukim.edu.mk

Поднесувањето на документите ќе се врши на 18 и 19.9.2023 год. од 8.00 до 15.00 часот во просториите на Филозофскиот факултет

II. Потребни документи:

  1. пријавен лист за конкурс (Образец А1);
  2. електронска пријава (од iKnow-системот);
  3. оригинални свидетелства од сите класови;
  4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование);
  5. извод од матична книга на родените (оригинал без разлика на датумот на издавање);
  6. доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение) – оригинал без разлика на датумот на издавање ;
  7. потврда за уплата и тоа:
  • за административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка Скопје;
    Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ03161; Конто 722313 00)
  • за уплатени 300,оо денари (на жиро-сметка на факултетот: Назив на примачот: Буџет на РМ-Филозофски факултет,
    Банка на примачот: НБ на РМ, Сметка: 100000000063095, Сметка на буџетски корисник: 160010422778818, Приходна
    шифра: 723013,програма: 41, на уплатница ПП 50);
  1. Изјава за национална припадност (од iKnow-системот)
  2. Изјава за согласност за лични податоци (од iKnow-системот)
    III. Кандидатите кои конкурираат за вонредно студирање ги поднесуваат, покрај документите од точка II. и следните документи:

 образец М1/М2 нотарски заверен, или
 лекарско уверение издадено од Студентската поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

IV. Кандидатите кои конкурират за упис без партиципација, покрај документите од точка II., а во зависност од категоријата на
која и припаѓаат треба да достават и:
  Соодветна документација за:

  • припадници на безбедносните сили, деца на загинат или починат припадник на безбедносни сили (види
    конкурс)
     Соодветна документација за :
    –     лицe кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители до 26-годишна возраст, доколку се
    невработени (потврда од надлежниот центар за социјална работа и потврда од Агенцијата за вработување);
  • Лица со инвалидност, согласно Уредбата која ја донесува Владата (се докажува со Наод и мислење на
    службата за функционална проценка при ЈЗУ Здравствен дом – Скопје и со Решение од Центарот за
    социјална работа за видот и степенот за попреченоста)
  • Родител на дете до 6 годишна возраст, доколку е невработен (се докажува со извод од матична книга на
    детето и Потврда за евидентирано невработено лице)
  • воени инвалиди (се докажува со Решение за Министерството за труд и социјална политика – Управа за
    прашања на борците и воените инвалиди)
  • Лице растени во домови за напуштени деца до 26-годишна возраст, доколу се невработени (Потврда од дом
    и Потврда за евидентирано невработено лице)

КОНКУРСНА КОМИСИЈА НА ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ

Leave a Reply