Ф705И/18: Филозофија на умот

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ФилозофијаVII2+26

Наставник: д–р Владимир Давчев

Цели на предметната програма:

Да ги запознае студентите со позначајните филозофски ставови и теории на филозофијата на умот.

Содржина на предметната програма:

Филозофскиот и научниот пристап за постоење надушата. Тело, душа, дух и ум. Античката филозофија за постоење на душата (Платон, Аристотел, Плотин). Средновековните мислители за односот душа-тело (Тома Аквински и Свети Августин). Cogito ergo sum – филозофски мит или стварност. Дали се умот и телото различни ентитети? Теоријата на Франц Брентано (интенционалност). Логичкиот бихејвиоризам на Гилберт Рајл. Теоријата за идентитет (Хилари Патнам и Џери Фодор). Функционализам (Давид М. Армстронг). Современата наука и интеракцијата дух (ум)-тело. Умот и свесното искуство. Денетовата (Даниел Денет) теорија за свеста. Во потрага по корелатите на свеста (Дејвид Чалмерс). Филозофијата и вештачката интелигенција.

Литература:

1. Прист, Стефан, Теории за умот, Аз-Буки, Скопје, 2007.

2. Давчев, Владимир, Свеста и аналитичката филозофија, Аз-Буки, Скопје, 2003.

3. Давчев, Владимир, Аналитичката филозофија и ум-тело интеракцијата, Аз- Буки, Скопје 2010.

4. Денет, Даниел, Видови умови, Магор, 2006.

5. Денет Даниел, Свеста објаснета, АРС Студио, Скопје, 2017.

6. Chalmers, David, The Conscious Mind: In Search of a Fundamental Theory, Oxford University Press, 1996.