ПЕ506И/18: Образовен менаџмент
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Педагогија | V | 2+1 | 4 |
Наставник: д–р Зоран Велковски
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат знаења од областа на: менаџментот во образовната дејност; функциите и детерминантите на процесите и системите на управувањето и раководењето во образованието и обуката; разбирањето на важноста на процесите на развојот и имплементацијата на образовната политика; Студентите да се оспособат за критичко размислување за проблемите од оваа област како и да се оспособат за апликација на стакнатите знаења. Студентите да стекнат менаџерски вештини: технички, концептуални, интерперсонални, комуникациски, вештини за решавање на проблеми.
Содржина на предметната програма:
Значење на менаџментот; Основи на менаџментот – основни поими (менаџмент, лидерство, раководење), теории, пристапи, претпоставки за примена во и образовната дејност; Стратегиски менаџмент во образовната установа/институција; Професионализација на менаџментот во образованието – менаџерските улоги и компетенции; современата улога на менаџментот; менаџментот како професија; менаџментот како умешност; функции на менаџментот; нивоа на менаџментот; принципи на менаџментот; потреба од современиот менаџмент; одговорноста на менџерот; успешен менаџер; управата и менаџерот; менаџерот и окружувањето; типови на држави, образовната функција и менаџментот; менаџмент процесот во образовната дејност.
Литература:
1. Гоцевски, Т., Образовен менаџмент, Филозофски факултет, Скопје, 2010
2. Алибабић, Ш., Професионализација менаџмента у образовању, Зборник: Андрагогија на почетку трећег миленијума, ИПА, Београд, 2007
3. Bush, T., West Burnham, J., The principles of educational management, Eastbourne: Antony Rowe Ltd., 2006
4. Tomlinson, H., Educational management, USA: Routledge Falmer, 2006