АС101: Основи на андрагогијата/Andragogy

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
АндрагогијаI2+14

Наставник: д-р Зоран Велковски

Цели на предметната програма:

Општи компетенции: Студентите кои успешно ке го совладаат овој модул ќе ги знаат и разбираат функциите и особеностите на полето на Образованието на возрасни и неговата важност во нивниот сопствен социјален контекст, исто така и во споредба со други можни контексти и во поглед на поширока меѓународна рамка. Тие можат да ја постават нивната сопствена професионална улога во рамките на овој контекст.

Посебни компетенции: Студентите ќе стекнат научни и продлабочени знаења за основните теориски и категоријални поими и концепции во образованието на возрасните. Студентите ќе бидат оспособени за разгледување и критичка опсервација на современите андрагошки проблеми и развојот на андрагошката наука. Стекнатите компетенции ќе им овозможат пристап до продлабочени андрагошки студии и влез во андрагошката практика. Студентите ќе стекнат разбирање на образованието и учењето како општествен и индивидуален феномен, неговата теориско-епистемолошка концептуализација и стекнување на вештини за истражување на фундаменталните андрагошки феномени. Студентите се стекнуваат со основно разбирање на учењето на возрасните и неговата етика; Ја разбираат разноликоста на полето на Образование на возрасни и неговата културолошка ситуираност; се запознаети со различните форми на Образованието на возрасни и ги знаат значењата и конотациите на клучните термини коишто често се употребуваат во однос на различните форми на Образование на возрасни; Имаат основно разбирање за меѓународниот развој релевантен за нивниот сопствен контекст на Образование на возрасни; Можат да го постават нивниот сопствен контекст во рамките на постоечките разлики на Образованието на возрасни; Можат да ја постават својата сопствена улога на андрагог во рамките на овој контекст; Ги знаат важните принципи на условите од законската рамка коишто се релевантни за Образованието на возрасни во нивната држава, нивниот регион и на меѓународно ниво; Можат да разликуваат, да категоризираат и да ги објаснат комплексните форми на финансирање на Образованието на возрасни; Запознати се со основните карактеристики на сегашните политики релевантни за Образованието на возрасни; Ги знаат најважните актери кои се релевантни за Образованието на возрасни на национално и интернационално рамниште; Можат критички да се осврнат на функциите и интересите на индивидуалните актери поврзани со Образованието на возрасни.

Содржина на предметната програма:

Историски развој на образованието на возрасните; Развојот на андрагошката научна мисла; Проблеми на развојот и конституирањето на андрагогијата како наука; Образованието на возрасните и другите науки; Андрагошки концепции; Цели на образованието на возрасните; Психо-физичките карактеристики на возрасниот човек; Филозофско-социолошката заснованост на образованието на возрасните; Образованието на возрасните како општествен и индивидуален феномен; Образованието и социјалните и општествените промени; Општество кое учи; Образованието на возрасните и неговите детерминанти и функции; Категориите: формално, неформално и информално образование на возрасните; Практичните пристапи во третманот на едукацијата на возрасните; Истражување на образовни потреби; Карактеристики на возрасниот ‘ученик’; Принципи на андрагошката работа; Мотивација и партиципација во образованието на возрасните; Андрагогијата како професија.

Литература:

1. Кулиќ, Р., Деспотовиќ, М., Увод во андрагогијата, DVV International, Скопје, 2007

2. Самоловчев, Б., Основи на андрагогијата, Универзитет „Кирил и Методиј“, Скопје, 1981

3. Freire, Paulo, Педагогија на угнетените, New York, 2007

4. Рамката за акција од Белем, Унеско 2010

5. Конфинтеа 6, Унеско, 2010

6. Andragogija na početku trećeg milenijuma, Univerzitet u Beogradu, 2007

7. Закон за образованиe на возрасните, Службен весник на РМ бр. 7/08, 2008