Р505И/18: Родово одговорно буџетирање

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Родови студииV2+26

Наставник: д–р Боби Бадаревски

Цели на предметната програма:

Курсот по предметот Родово буџетирање има за цел да обезбеди знаења кои се однесуваат на подготвувањето и аплицирањето буџет/и на национално и локално ниво, базирани на родово-буџетска анализа; конструктивно да се влијае на популационата и развојна стратегија на една држава, на економскиот развој и надминување на сиромаштијата, но истовремено и да се создаде квалитетна основа и можност за развој на образованието, активна грижа за здравјето на граѓаните и обезбедувањето одржлив развој. Тенденција на овој курс е и промовирање на концептот родово буџетирање како сериозен индикатор во елиминирањето на одредени негативни општествени практики.

Содржина на предметната програма:

Појава и развој на концептот родово буџетирање; Родовото буџетирање клучен фактор во постигнувањето еднаквост помеѓу мажите и жените; Влијанието на родовата еднаквост во целокупниот општествено-економски развој; Родовото буџетирање-предуслов за поефикасно користење на човечките и материјални ресурси; Промовирањето на родовото буџетирање како економска мерка и практика на одредени држави; Родово буџетските иницијативи во Република Македонија; Примена на родовото буџетирање на национално и локално ниво и неговите можности; Стратешки мерки и активности за практична примена на родовото буџетирање во Република Македонија; Родово буџетските анализи и неговите функции; Подготвувањето програми и мерки за олеснување на имплементацијата на родовото буџетирање; Учеството на жените во креирањето на буџетот на национално и локално ниво.

Литература:

1. Џејкобсон П. Џојс, Економија на родовите, Академски печат, Скопје, 2010

2. Квин, Шила (подг.), Родово буџетирање: практична имплементација. Прирачник. Генерален директорат за човекови права и правни работи, Совет на Европа, 2009

3. Јовановиќ, Амалија и др., Родово-буџетска анализа на социјалната заштита и активните политики за вработување во Република Македонија, Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија, 2010