Р504И/18: Мултикултурализмот и родот

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Родови студииV2+26

Наставник: д–р Денко Скаловски

Цели на предметната програма:

Родовата проблематика да се лоцира во ерата на мултикултурализмот.

Содржина на предметната програма:

Мултикултурализмот како политика на признавање; жените и биолошката репродукција на нацијата; жените и етносот; жените и конфесијата; културната репродукција на родовите односи; асимилација и сепаратизам; политиката на идентитет и мултикултурализмот; културните промени и модерноста; постмодернистички феминизам; фундаментализмот и модерноста; глобализацијата и културата; жените во меѓународната политика; трансверзална политика.

Литература:

-Бауман, Герд, Мултикултурна загатка: реобмислување на националниот, етничкиот и религиозниот идентитет, Три, Скопје 2009

-Тејлор, Ч., (и други), Мултикултурализам: огледи за политиката на признавање, Евро Балкан, Скопје, 2004

-Кимлика, Вил, Мултикултурно граѓанство, ИДСЦО, Скопје, 2004