Р406И/18: Родовите студии и мирот
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Родови студии | IV | 2+2 | 6 |
Наставник: д-р Боби Бадаревски
Цели на предметната програма:
Студентите да се здобијат со продлабочени знаења за теориските и практични заложби за мирот промислени низ родова перспектива.
Содржина на предметната програма:
Поврзување на клучните поими на родовите истражувања со теориите за мирот. Прашањата за војната и мирот промислени низ родова перспектива. Мирот во агендата на феминистичкото движење- краток историски преглед. Жените и политиката на мирот. Актуализација на родовите аспекти на мирот во меѓународни документи. Осврт на Резолуцијата 1325: Жените, мирот и сигурноста , донесена од Советот за безбедност на ООН. Заштита на жените за време на конфликти и во постконфликтни периоди; улогата на жените во превенција на конфликтите; вклучување на жените во донесување одлуки во мировните процеси; перпектива на родова рамноправност во промоцијата и одржувањето на мирот. Увид во најзначајните правни документи од оваа проблематика во Република Македонија: Законот за еднакви можности и Националниот план за акција 2007-2012.
Литература:
1. Зорица Салтировска, Род, мир и безбедност, Филозофски факултет, 2011
2. Жените во несигурен свет, Женева: Центар за демократска контрола на вооружени сили, Женева, 2005
3. Дејвис, Н. Ј., Родот и нацијата, Скопје, Сигмапрес, 2001
4. Гласон Дешан, Светлана Слапшак (ур.), Балканските жени за мир, Скопје: ФИОМ, 2004
5. Biljana Kasić (ur.), Žene i politika mira, Zbornik, Zagreb: Centar za ženske studije, 1997