Р101З/18: Вовед во родови студии

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Родови студииI3+26

Наставник: д–р Боби Бадаревски

Цели на предметната програма:

Студентите да се здобијат со знаење за основните преокупации и клучните поими на родовите студии и да развијат родов сензибилитет.

Содржина на предметната програма:

Раѓањето, подемот и значењето на родовите студии: теориските и практичните импликации во индивидуалниот и општествениот живот на луѓето, особено во земјите во транзиција. Дистинкција помеѓу женските, машките и родовите студии. Етаблирање на женски/феминистички студии на универзитетите како резултат на заложбите на феминистичкото движење. Феминистичката перспектива во преоценувањето на претпоставките во традиционалните дисциплини во изучувањето на индивидуите, културите, социјалните институции, политките и другите области на научното истражување. Машките студии – реакција или подршка на женските студии. Етаблирање на родовите студии на универзитетите – контроверзи и дилеми. Запознавање со категоријалниот апарат на родовите студии: родот како централна категорија на анализата и елаборација на другите клучни родови поими. Дискрепанцата меѓу рамноправноста како универзална вредност, од една страна, и истрајните обрасци на доминација во однос на родот, расата, класата, религијата, сексуалната ориентација, и етничкото, националното или регионалното потекло, од друга страна.

Литература:

1. Ивановска, Марија, Водич во феминистичка / родова терминологија, Акција Здруженска, 2012

2. Тања Малеска, Јана К. Србијанко, Работни услови и рамнотежа помеѓу работниот и приватниот живот: родова анализа, Реактор – Истражување во акција, 2015

3. Мирчева Стојанка, Чачева Виолета, Кениг Николина, Глас за правда: процена на судските постапки за случаи на семејно насилство, со посебен фокус на менаџирање на предметите од родова перспектива, Институт за социолошки и политичкоправни истражувања, 2014

4. Борнарова, Сузана, Семејна политика: кон родова рамноправност и хармонизација на работниот и семејниот живот, Алма графика, 2014