ПКБ702И/18: Организиран криминал и корупција

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Приватна и корпоративна безбедностVII2+25

Наставник: д–р Тања Милошевска

Цели на предметната програма:

Да се добијат научни и продлабочени сознанија за елементите и формите на организираниот криминал и корупцијата. Стекнување на солидна едукација за феноменот на организираниот криминал и безбедносните импликации врз приватната и корпоративна безбедност. Врз основа на стекнатите научни сознанија студентите да се оспособат за да бидат во можност да ги детектираат овие безбедносни закани и да понудат можни модели за превенција и сузбивање на организираниот криминал и корупцијата.

Содржина на предметната програма:

Поимско определување на организираниот криминал и корупцијата. Модели на транснационален организиран криминал. Специфични модели на криминално организирање. Етиологија на организиран криминал. Структура на организираните криминални организации. Реконцепција на организираниот криминал како безбедносна закана. Динамика на организираниот криминал; Перење на пари; Профил на корупција; типови на корупција; општествени и економски предуслови за појава на корупцијата. Политичко-криминална врска; Криминал на злоупотреба на власта; Криминалитет на белите јаки. Корпоративен криминалитет. Моментална политика и институционални исходи на мултилатералниот безбедносен капацитет за борба со транснационалниот организиран криминал и меѓународна рамка за спречување на корупцијата.

Литература:

1. Тања Милошевска, Модели на поврзаност на тероризмот и на транснационалниот организиран криминал, Филозофски факултет, 2014

2. Лајман Д., Потер Гари, Организиран криминал, Магор, 2009

3. Maximilian Edelbacher, Peter C. Kratcoski, Bojan Dobovšek (eds)., Corruption, Fraud, Organized Crime, and the Shadow Economy, Taylor & Francis, 2016

4. Камбовски Владо и Наумовски Петар, Корупцијатанајголемо општествено зло и закана за правната држава, Влабор, Скопје, 2012