ПКБ302З/18: Приватна безбедност
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Приватна и корпоративна безбедност | III | 3+2 | 7,5 |
Наставник: д–р Оливер Бакрески
Цели на предметната програма:
Да се добијат научни сознанија за приватната безбедност интегрално во сите нејзини димензии и на вкупниот нејзин тоталитет, како и да се поседува способност за активно ангажирање во работата на приватниот безбедносен сектор во Република Македонија.
Содржина на предметната програма:
Безбедноста низ призмата на приватната безбедност, поим за безбедносен сектор, поим за приватен безбедносен сектор и за приватна безбедност, комплементарни безбедносни функции, општо за приватната безбедност, причини и фактори за појава на приватната безбедност, дефинирање на приватната безбедност, цели и задачи на приватната безбедност, концептуални области на приватната безбедност, типологија на услуги на приватната безбедност, определување на приватната безбедност, еволуција на приватната безбедност-историски траектории, приватната безбедност во функција на компаниите, приватни безбедносни актери, јавна и приватна безбедност-соработка и партнерство, регулирање на приватната безбедност-статус и перспективи приватната безбедност низ призмата на компаративното законодавство со државите членки на ЕУ, законска основа за формирање на агенции за обезбедување, услуги што ги даваат агенциите за обезбедување, врска со безбедносниот сектор, врска со политиката.
Литература:
1. Бакрески Оливер и др., Приватна безбедност, Комора на РМ за приватно обезбедување, 2015
2. Вилијамс П. Д., Студии по безбедност, Арс Ламина, 2012
3. Dempsey S. John, Introduction to Private Security, Wadsworth Cengage Learning, 2011
4. Robertson C. and Birzer L. M., Introduction to Private Security, Prentice Hall, New Jersey Columbus, Ohio, 2012