СР803И/18: Социјална работа со стари лица
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Социјална работа и социјална политика | VIII | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Владимир Илиевски
Цели на предметната програма:
Да се добијат научни сознанија за социјалната работа со стари лица, анализа на процесот на социјална работа според различни модалитети, проучувањето на системот на социјална заштита на старите лица и проучувањето на интердисциплинарниот пристап во работата со стари лица.
Содржина на предметната програма:
Дефинирање на поимите старост и стареење; Теории за стареење; Промени кај старите лица; Потреби на старите лица; Концептот за активно стареење, Национална правна рамка за социјална заштита на старите лица;Сервиси за поддршка на старите лица и неформалните даватели на социјални услуги во Европа и Република Македонија; Мултидисциплинарен пристап во работата со стари лица; Социјална работа со стари лица во установи за социјална заштита; Методи и техники на социјална работа со стари лица; Работна терапија со стари лица, Социјална работа со лица со деменции; Насилство врз старите лица.
Литература:
1. Рори Линч, Пракса социјалног рада са старима-позитивни приступ центриран ка особи, Универзитет у Београду, Факултет политичких наука, 2016
2. Јасминка Деспот Лучанин, Искуство старења, Наклада Слап, 2003
3. Tamsma, N., Advancing integrated care for older people through EU Policy, European Health Management, Dublin 2004
4. Група автори, Активно стареење и меѓугенерациска солидарност, Зборник на научни трудови, Филозофски Факултет и Фондација „Фридрих Еберт“, Скопје, 2012