СР602З/18: Социјална работа во здравство

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Социјална работа и социјална политикаVI3+26

Наставник: д–р Владимир Илиевски

Цели на предметната програма:

Да се здобијат студентите со теоретски, научнии практични сознанија за системот на здравствена заштита, пристапите, методите и целите на социјална работа во делот на превентивната, болничката и вонболничката здравствена заштита, за улогата на социјалниот работник во здравствената заштита на поедини категории на население.

Содржина на предметната програма:

Предмет, методи и цели на проучување на социјалната работа во здравство; Современиот концепт за здравје, принципи за промоција на здравјето и превенција на заболувања, Системот на здравствена заштита во Република Македонија; Програми за здравствена заштита; Улогата и значењето на социјалната работа во здравство во Европа и Република Македонија; Методи на социјалната работа во примарната здравствена заштита, Социјалната работа во болничката здравствена заштита- задачи, методи и цели; Социјалната работа во вонболничката здравствена заштита; Социјалната работа во долготрајната нега; Проценка на потребите на пациентот и социјалните интервенции на социјалниот работник; Индивидуален план за работа со пациент; Социјалната работа во превенција, третман, рехабилитација на лица со различни здравствени проблеми; Палијативно згрижување; Искуството во социјалната работа во здравство во развиените земји во Европа.

Литература:

1. Ана Чекеревац, Социјални рад у здравству, Практикум Факултета политичких наука, Подгорица, 2007

2. Група автори, Болести зависности Европски центар за мир и развој, Универзитет за мир Уједињених Нација, Београд, 2004

3. Славица Шекуткоска, Улогата на социјалниот работник во социјалната реинтеграција на лицата со проблематична употреба на дроги, Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС, Скопје, 2015

4. Група на автори, Социјална политика број 11/ 2, Филозофски факултет, 2015

5. Реформи во здравствениот систем во Македонија, Центар за истражување и креирање на политики, 2010

6. Група автори, Палијативно згрижување – прирачник, МИА – Здружение за здравствено просветување и унапредување на здравјето, 2005