СР504И/18: Клиничка социјална работа
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Социјална работа и социјална политика | V | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Иван Трајков
Цели на предметната програма:
Да се добијат продлабочени сознанија за базичните принципи методите на клиничката социјална работа, како и основните психосоцијални проблеми со кои се соочуваат пациентите за кои е неопходна хоспитализација и потребите на нивните семејства. Да се добијатсознанија за социјалните фактори кои влијаат на здравјето, пристапите и методите на социјалната работа со лица со различни здравствени проблеми во институционалната и вонинституционалната здравствена заштита, како и стекнување на знаења за здравствените проблеми кои се последица од стрес и траума.
Содржина на предметната програма:
Мултипрофесионален пристап во клиничката социјална работа; Методи во клиничката социјална работа; Хоспитализам; Социотераписки модели; Социотераписки клубови; Вклучување на семејството во планирање и спроведување на третманот во клиниката; Социјална работа во психијатриски установи; Поим и дефинирање на социјалната работа во здравство; Цели и задачи; Методи на работа на социјалниот работник во здравство; Примарна здравствена заштита; Институционална социјално-здравствена работа; Вонинституционална социјално-здравствена работа; Психосоцијална помош; Конкретна информативна помош; Промоција на интересите на клиентот и превенција; Здравствената политика и правата на пациентите; Професионален профил на социјалниот работник во здравство; Едукација и тренинг; Вештини на комуникација со пациент и членови на семејството; Подготовка на семејството за прифаќање, помош и грижа за болниот член; Проценка на интервенциите за социјална подршка; Мерење на социјалната подршка; Здравствени проблеми кои се резулатт од стрес и траума; Здравствени сервиси и улогата на истите во рехабилитацијата и реинтеграцијата на лицата со здравствени проблеми кои оставаат долгорочни последици.
Литература:
1. Трајкова В. Белевска Д., Клиничка социјална работа, Ѓурѓа, Скопје, 2002
2. Lučanin, D., Komunikacijske veštine u zdravstvu, Naklada Slap, 2010
3. Napan, K., Kako djelotvorno raditi s ljudima, Alinea, Zagreb, 1994